Одговара д-р. Салија Љатиф Петрушевска од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември”-Скопје.
Во нашата здравствена установа која што е специјализирана и единствена од таков вид во државата во стационарниот дел услуги може да добијат геријатриски-палијативни пациенти. Под геријатриски пациенти се сите оние возрасни лица коишто се над 65 години коишто страдаат од некое акутно влошување на болест или се во терминалниот стадиум на болеста. Додека палијативните пациенти тие не се ограничени со возраста. Сме имале и ситуации каде што има и млади лица коишто се во некој терминален стадиум на болеста, а најчесто се малигните болести. Додека во делот на специјалистичко-консултативните кабинети, бидејќи ние сме јавно-здравствена установа преку системот на „Мој термин“ услуги можат да добијат надворешни пациенти. Тоа се сите оние лица над 18 години, претходно соодветно препратени од страна на нивниот матичен лекар или од страна на други колеги. Кај нас се прават специјалистички прегледи од интерна медицина, неврологија, психијатрија, дермато-венерологија, физикална терапија и слично. Исто така и во рамки на установата функционира и биохемиската лабораторија. Додека во делот на дијагностика вршиме ехо на срце, на стомак, на уринарен систем, на тироидна жлезда, дензитометрија. Исто така како услуга е ЕЕГ и слично.