fbpx

Колку е присутна корупцијата во академската заедница?

Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Корупцијата знаеме дека е присутна во секоја пора од нашето општество, па така е присутна и тука. Но, тоа што мене ме загрижува е фактот дека студентите не ја пријавуваат, што можеби извира од нивното непознавање на корупцијата, а можеби и не знаат каде да се обратат. А, токму кај студентскиот правобранител можат да се обратат по однос на ова прашање, но и кај антикорупцискиот офицер. Ние заеднички можеме да посредуваме и да помогнеме кога станува збор за корупција и доколку се забележуваат вакви случаи на факултетите. Не треба ова да се сведе само на секојдневен муабет туку треба и навистина да се пријавува.