Одговара Валентина Димовска од СОС Детското село.
Згрижувачката функција ја обавува згрижувачот во својот дом и обезбедува основна грижа за децата којшто се сместени во ова згрижувачко семејство. Меѓутоа државата обезбедува паричен надоместок за секое дете кое што е згрижено во згрижувачкото семејство. Тој надоместок е различен од зависност на бројот на деца кои што се згрижени. Инаку да спомнам дека во едно згрижувачко семејство максимум може да се згрижат пет деца. Сумата за згрижување на едно дете во општо згрижувачко семејство дете со типичен развој е 18.112 денари. Доколку во семејството има две згрижени деца за секое дете е 15.725 денари или за двете деца над 31 илјади денари. Ако во семејството се згрижени три деца надоместокот е 14.187 денари по дете, ако се згрижени четири деца 13.054 денари по дете и доколку во семејството се згрижени пет деца тогаш е 12.201 денар за секое дете во згрижувачкото семејство.
Повеќе информации на бесплатниот телефон 075 277 447 и на веб страната www.zgrizuvanje.mk