fbpx

Колку се заштитени податоци кои ги оставаме на веб-страниците на државните институции?

Одговара Џеннет Велиу од Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерството за информатичко општество и администрација е контролор кој воспоставува и води збирки на лични податоци, согласно надлежностите и овластувањата утврдени со прописите од областа на администрацијата и информациско-комуникациските технологии како и други закони кои ги применува во своето работење. Секој орган или институција има сопствена политика со која се дефинира процесот на управување со системот за заштита на личните податоци согласно природата, обемот и сложеноста на активностите коишто ги врши при обработката на личните податоци и ризиците на коишто тие се изложени, како и сопствените правилници, политики, процедури и други документи, технички и организациски мерки согласно кои ја демонстрира усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци. Министерството за информатичко општество и администрација на својата веб-страница има објавено Политика за приватност каде што се дадени општи информации за обработката на личните податоци кои МИОА ги собира на веб-страницата и на кои посетителот може да даде согласност или не, како и објавена политика за колачиња (cookies). МИОА никаде не ги означува личните податоци на посетителите и нема систем кој прибира податоци.