fbpx

Од кога е воведена ротавирус вакцината во редовниот календар и од што штити?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Ротавирусната вакцина во нашата земја во редовниот календар ја воведовме во 2019 година. Ротавирусот е еден од најчестите предизвикувачи на проливи кај доенчињата и малите деца и нема родител кој што не искусил пролив од неговото дете предизвикан од ротавирусот. Пак ќе речам возраста е таа што карактеристична и во тој период може да дојде до тешки проливи со дехидрирање на детето. Често пати имаат потреба од болничко лекување. За жал, може тие промени што настануваат во организмот може да доведат до оштетување на мозочето и до лош исход. Така што, затоа е важно да се прима оваа вакцина.

Вакцината е карактеристична што се дава во три дози. Таа што сега ја имаме е петтовалентна што значи дека штити за петте најчести типови соеви на ротавирусот кои што предизвикуваат гастроентеро колит во детска возраст. Карактеристично е што се дава само во доеничкиот период, значи треба да се започне со оваа вакцина до 15-тата недела возраст на детето и да се заврши некаде до 24-тата недела.

Многу родители поради немарност, поради тоа што не се јавуваат согласно календарот на двомесечна возраст за имунизација ја пропуштаат оваа вакцина. Ќе се јават на три или четири месеци и едноставно детето ако не почне да ја прима првата доза останува невакцинирано. Прележувањето на ротавирусниот ентероколит не е причина да не се прими вакцината. Затоа како што реков има многу соеви што предизвикуваат ротавирус ако прележало доенчето ротавирусен ентероколит, тоа е заштитено само од тој еден сој, меѓутоа оваа вакцина штити од петте најчести соеви кои предизвикуваат 94% од проливите. Се дава преку уста така што се опишуваат некои несакани може и сакани самата вакцина да предизвика лесен пролив и повраќање. Меѓутоа тоа се транзиторни симптоми кои што поминуваат по една недела и не оставаат никакви последици по здравјето на детето.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.