fbpx

Од што штити ДиТеПер вакцината?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

ДиТеПер штити всушност од три болести, а тоа се дифетерија, тетанус и пертусис. Од 2015 година кога ги воведовме во редовниот вакцинален календар петто и шестовалентните вакцини тие се составен дел на петто и шестовалентните вакцини. Важно е да се примаат зошто штитат од три болести. Тоа се дифтеријата, тетанусот и пертусисот или црната кашлица.

Пертусисот сега го гледаме што значи. Магарешка кашлица или пертусис што повторно ќе речам дека доенчињата и малите деца се најчувствителни на оваа бактериска инфекција бордетела пертусис која што го напаѓа респираторниот систем. Капкова инфекција е и гледаме дека токму доенчињата се тие кои што се хоспитализирани со тешка клиничка слика. Едноставно борбата за воздух со напади на кашлица ги исцрпува со што не се во можност да се хранат и може дури до оштетување на мозочето да дојде од тие напади на кашлица кои траат две-три минути. Тој глад за воздух може дојде до оштетување на мозочето поради недостаток на доволно кислород во мозокот и да остави последици. Тоа се деца кои што воглавно се хоспитализираат, често пати некаде 10% бараат и интензивен третман во одделенијата за интензивна нега и терапија дури има и потреба од респираторна поддршка. Тоа е пертусисот.

Тетанусот е болест која што исто така и возрасните ќе се повредат и тоа е спора што ја има во земјата и порано кога сега да речам за среќа 99% од жените се породуваат во болница во болнички услови. Порано кога се пораѓале дома во случај на нестерилно користење на разни предмети за пресекување на папочната врвца се пренесувала таа спора и предизвикувала сериозни тешки инфекции кај новороденото кои доведува и до смрт. Тетанусот за жал и при повреда да речеме со метални предмети од земја може да се пренесе. Значи децата не се заштитени затоа што ја има таа спора во земјата така да при падови, при било што може да се инфицираат раните и затоа има посебни протоколи како се постапува во случај на повреда.

И третата болест е дифтеријата тоа е исто еден вид на тешка ангина со налепи на грлото каде што повторно отежнато е голтањето, дишењето и доведува до гушење кај пациентот. Така што и тоа е сериозна инфекција. Оваа вакцина се дава да речеме во првата година во три дози. Се дава на два, на четири и на шест месеци. И таа е таа прима имунизација што велиме. После тоа на година и пол се прима првата ревакцина согласно нашиот правилник, а на седум години односно во второ одделение во училиште примаат повторно втора ревакцина и на 14 години примаат трета ревакцина каде што се дава само за дифетрија и тетанус. Значи, за пертусисот ни требаат оние три дози во првата година и ревакцини на година и пол и на седум години, а за тетанус и дифтерија се примаат значи и покрај овие две вакцини дополнително се прима и на 14 години. И за тетанус уште еднаш сите школски деца на 18 години примаат само тетнус затоа што тетанусот штити десет години и пожелно е по десет години од време на време да се бустира организмот или она што ние често пати го гледаме во случај на повреда доколку има поминато повеќе од десет години тогаш покрај давањето на серум се дава и тетанус вакцината.