fbpx

Од што штити пнеумококната вакцина?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Пнеумококната вакцина штити од стрептококус пнеоумоние бактеријата која што повторно ќе речам во првите години од животот децата најчесто заболуваат од пневмонии, најчесто таа е предизвикувач на пневмонии, меѓутоа оваа бактерија може да предизвика и воспаление на мозокот, па дури и инфекција на крвта сепса. Така што може да остави сериозни последици по здравјето на детето и може да заврши и со смртен исход.

Повторно ќе речам, критичен период се првите години од животот и затоа оваа вакцина се дава во првата година. Според нашиот календар се дава во две дози на два и четири месеци и третата доза се дава на наполнети 12 месеци, односно е поврзана со примањето на МРП вакцината. Овие три дози се доволни за да создаде организмот задоволителен одличен имунитет коишто токму во овој период од две години на животот на детето ќе биде заштитено. Може да се даде и после втората година кај повозрасните доколку има индикација и доколку постојат некои основани состојби на зголемена чувствителност кон оваа бактерија.