Одговара Зоран Василески од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Ноќната работа во Законот за работните односи е прецизно дефинирана како времето поминато на работа помеѓу 22 часот навечер и 6 часот наутро. Исто како за прекувремената работа, работодавачот е должен да го известува навремено Државниот инспекторат за труд. Посебна заштита имаат овие работници во делот на здравјето и безбедноста при работа. Притоа, ноќната работа не може да биде повеќе од осум часа. Тоа што претходно е кажано дека се работело во смени исто така и работата во смени кога вклучува работење на работниците повеќе од 3 часа во ноќна смена исто така треба да се пријави до Државниот инспекторат за труд. Дали работодавачот води вакви евиденции може да се провери во оваа институција.