fbpx

Што претставува БЦГ вакцината и зошто е важно да се прими?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

БЦГ е вакцина која што сите новородени што се родени во родилиште ги примаат уште на самото раѓање. Меѓутоа, доколку не ја примаат во породилиште истата се прима колку што може побрзо во диспанзерите за имунизација.

БЦГ вакцината всушност е вакцина која штити од туберкулоза. Туберкулозата е болест која што на некој начин се лекува, меѓутоа Македонија била ендемско подрачје каде што имало многу туберкулоза, и сè уште има одреден мал дел на заболени коишто се присутни. Значи оваа болест е присутна помеѓу населението и затоа е влезена во задолжителните вакцини коишто сите деца треба да ги примаат.

БЦГ според правилникот на имунизација се прима во породилиште со тоа што потоа во текот на имунизацијата со другите вакцини се проверува дали детето ќе развие белег. Белегот обично се појавува по два месеци значи треба еден подолг временски период и доколку нема белег она што се прави е така наречениот Манту тест каде што на рачето се испитува дали организмот создал имунитет. Ако тој тест е негативен збориме за втората половина од првата година ако е негативен може да прими и втора доза. Важно е да се каже дека не сите деца создаваат белег. И студиите покажуваат дека 30 до 40% имаат имунитет, стекнале имунитет меѓутоа нема создадено белег од самата вакцина. Така да не е проблем ако нема белег детето. Доколку и по примањето на втората вакцина нема белег се смета дека тоа дете е вакцинирано и заштитено.

Туберкулоза е сериозна болест, тешка болест која што е респираторно заболување. Меѓутоа не е само респираторно заболување микобактериум туберколоза може да нападне и други органи, може и да ги нападне и мозокот и коските и поретко може и целиот организам да биде нападнат. Сериозно заболување бара долготрајна терапија. Често пати зошто е капковно заболување кое што се пренесува преку искашлок. Често пати и домашните кои што живеат во семејството каде што има заболен од туберкулоза се тестираат може дополнително како превенција да се стават на одредена терапија со специфични лекови за туберкулоза. Така да важно е да ги заштитиме децата тоа е една вакцина која што ја примаат во породилиште.

Поврзани написи

Дали имам право на старосна пензија од починат сопруг во РСМ, ако веќе земам старосна пензија од Косово?
Кои документи треба да се достават при јавување на контролен преглед за скратено работно време? Дали треба да се повтори истата постапка како при иницијалната оценка?
Како е може странец да оствари здравствено осигурување во Македонија за добивање привремен престој ако е невработен, а не е студент?
Каде може да пријавам лабораторија што ми даде погрешни резултати од крвна слика? Поради резултатите примав терапија која не ми беше потребна.
Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?
Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.