fbpx

Во кој период од денот може да се вршат градежни работи во стан?

Одговара Башким Алили од Регулаторната комисија за домување.

Куќниот ред се донесува согласно Правилникот за норми и стандарди во домувањето во станбени згради. Согласно овој Правилник, користење на аудио и видео системи, како и вршење на градежно-занаетчиски работи кои го нарушуваат мирот во станбена зграда не е дозволено во период од 15 до 17 часот и 22 до осум часот наутро. Куќниот ред во станбените згради треба да биде истакнат на видно место на влезот на зградата на приземје во ходникот. И тој куќен ред треба да се почитува од сите сопственици на станови. Куќниот ред се донесува од истите сопственици на станови и тие имаат можност одредени прашања решат на поинаков начин во тој куќен ред.