Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Согласно член 10 од Законот за заштита на потрошувачите доколку купиме како потрошувачи одреден производ и не ни одговара по боја, форма, големина. Значи, сме го донеле дома и гледаме дека бојата не е соодветна на таа што ние ја бараме не го користиме производот, имаме фискална сметка, амбалажата е зачувана не сме ги искинале етикетите и кутијата каде што е спакуван производот имаме право во рок од 15 дена истиот да го вратиме кај трговецот и да ни биде даден нов производ, ако има што да избереме или да ни бидат вратени парите.