fbpx

Зошто е важно редовно да се вакцинираат домашните миленици?

Одговара Д-р Жарко Михајлоски од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Сите знаеме дека домашните миленици подлежат на редовна вакцинација. Вакцините се потребни за заштита на здравјето на домашните миленици, пред сѐ од инфективни болести од коишто тие заболуваат. Знаеме дека една од најсмртоносните инфективни болести коишто се пренесуваат преку домашните миленици е беснилото. И исклучително е важна нивната редовна годишна вакцинација.

Во нашата држава според законот потребно е еднаш годишно да се врши вакцинација на домашните миленици од беснило. Тука зборуваме и за кучињата и за мачките. Ова е сѐ со цел да го заштитиме јавното здравје на луѓето и нормално да го заштитиме здравјето на домашните миленици. Да, многу е важна редовната вакцинација, со цел да се искорени беснилото. Тоа е тенденција и на Светската здравствена организација, за конечно искоренување на беснилото во целиот свет.