fbpx

Можевме ли да го спречиме одливот на мозоци?

По приватизацијата, во деведесеттите години од минатиот век, добивме мал број државни претпријатија кои ја преживеаа, но и армија невработени и економија која полека тонеше сè подлабоко. Потоа следуваа монетарни, фискални, макро и микроекономски дилеми, од курсот на денарот (стабилен или флуктуирачки) до овие понови дебати за одливот на мозоци и работна сила, или вечната борба помеѓу прогресивните и рамните даноци. За тоа, дали можеше поинаку, професорот Ненад Марковиќ разговара со професорите д-р Александар Стојков од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и д-р Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје.

Колку одбраниот модел на приватизација овозможи или оневозможи побрзи и подобри економски резултати на младата македонска економија? Можеше ли овој процес да биде спроведен пофер и поправедно кон оние кои беа „сопственици“ на тогаш општествениот капитал?

Една од идеите е дека ЕУ треба да се подели во повеќе „под-ентитети“ кои би имале различна траекторија односно да се создаде ЕУ во повеќе брзини или ЕУ на концентрични кругови. До каде е оваа идеја и колку е реално да се спроведе? Што ѝ стои на патот? Може ли ова да се направи само со козметички измени или ќе мора сепак да се менуваат темелните договори со кои ЕУ е всушност дефинирана и етаблирана?

Стојков: Пропаста на македонскиот модел на приватизација

Една од основните дебати кои се водат веќе со децении, е дали Македонија треба да го смени моделот на оданочување. И рамните и прогресивните даноци имаат свои предности и маани, но што е она што е најсоодветно решение на долг рок? Дали можеби постои одредена точка на развој или приходи на населението после која треба да се размисли за промена на моделот? Што го детерминира овој избор и како гледате дека ова треба да биде решено во нашиот контекст?

Можевме ли да го спречиме одливот на мозоци?

Приватизацијата, јавните набавки, тендери и слични модалитети не се само штетни од аспект на корупција или економските штети кои се нанесуваат на буџетот, туку е и една од причините за одлив на мозоци од државата, особено во последно време. Постои ли некакво, барем на среден рок, решение за оваа состојба односно како да (почнеме) да го решаваме ова прашање?

Стојков: Кој е виновен за одливот на мозоци?

Наша генерална определба како држава, е да имаме фиксен курс на денарот, врзан со еврото. Што ќе ни донесеше алтернативно сценарио на некоја мала, контролирана инфлација, или таканаречен „флуктуирачки“ курс на денарот?

Треновски: Што би донел флуктуирачкиот курс на денарот?

Каква е поврзаноста на неформалната економија и даночната свет кај граѓаните?

Треновски: Неформалната економија и даноната политика

Тенденција на политичките елити е да го остварат својот интерес. Клучно е да се смени свеста кај граѓаните, но тоа значи цел корпус промени. Од каде треба да се почне?

Целиот поткаст може „Засега без добар наслов“ може да го слушнете тука.