fbpx

Дали може пензијата што ја користел осигуреникот во моментот на смртта да се трансформира?

Брачниот другар пред да почине земал инвалидска пензија, по времено решение (2 години). Дали при исполнување на услов за пензија на другиот брачен другар може да бира која пензија ќе ја зема и која ќе биде пензијата на починатиот инвалидската или полната?

Одговара Билјана Стојанова од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија