Дали има ограничува во однос на увидот што го има странката во документите во случаи кои се водат во Центар со социјална работа?

Одговара Наташа Станојевиќ од Министерството за труд и социјална политика.

Нема посебно ограничување во Законот за општа и управна постапка веќе кажав само доколку со посебен закон е утврдено дека треба да се заштитат податоците, тогаш не се даваат тие документи на увид. Инаку, сите документи коишто се водат во постапката лицето може да направи увид и да добие фотокопија од нив.