fbpx

Дали може Лекарската комора да издаде лиценца за работа на специјалист за кој нема дејност во јавната здравствена установа каде што работи?

Одговара Рената Младеновска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ние не можеме да ги условуваме докторите коишто се по општа медицина околу тоа каква специјализација ќе земат – дали е тоа државна или приватна. Државната специјализација се подразбира дека ја дава здравствената установа и истата ја плаќа. Ако лекарот зема приватна специјализација, таа си ја плаќа самостојно. Доколку здравствената установа во којашто работи нема дејност – да речеме ако е кардиологија и нема таква дејност „специјалист по кардиологија“ во здравствената установа, ние не можеме да ја оспориме лиценцата. Независно, тоа е неговото образование и неговата надоградба. Тој може да добие лиценца од Лекарската комора доколку заврши таква специјализација. Ќе чека да се отвори одделение во матичната здравствена установа или ќе се префрли таму каде што има одделение за кардиологија.