fbpx

Дали пациенти со психијатриски дијагнози може да бидат сместени во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“?

Одговара д-р. Салија Љатиф Петрушевска од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември”-Скопје.

Приемот за пациенти во нашата установа практично тријажата се прави во специјалистичко-консултативните кабинети каде што пациентите се упатуваат од страна на нивните матични лекари или од друго ниво на здравствена установа. Така да согласно основната дијагноза лекарот специјалист, дали тоа би бил интернист, дали е невролог, дали психијатар одредува дали пациентот согласно дијагнозата и согласно нашата дејност е за во нашата установа. Откако ќе процени понатаму пополнуваат дали семејството или самиот пациент ако во моментот е во стабилна здравствена состојба пополнуваат одредени индекси. Најчесто е Бартеловиот индекс и согласно тоа се проценува дали пациентот е за во нашата установа. И доколку треба да биде наш пациент се става на нашата листа на чекање. Обично пациентите коишто доаѓаат кај нас зборувам и за геријатриските пациенти и палијативните треба да имаат одредена акутна состојба. Многу често не мешаат со домовите за стари лица. Морам да потенцирам дека ние не сме дом за стари лица, туку сме установа за продолжено болничко лекување. Имено, во делот на психијатриските дијагнози исто така третираме пациенти кои се со деменција, најчесто васкуларна деменција коишто се во терминален стадиум на болеста и на истите им треба згрижување.