fbpx

Дали работниот стаж влијае за добивање на семејна пензија?

Одговара Севиме Зекири од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.

Должината на работниот стаж секако дека влијае на висината на пензијата. За корисниците да се стекнат со право на семејна пензија од починат корисник, починатиот треба да има најмалку пет години стаж на осигурување. Колку поголем стаж на осигурување има корисникот, толку повисок ќе биде износот на пензијата бидејќи пензијата се одредува зависно од должината на пензискиот стаж на осигуреникот.