Дали сите сопственици на посебни делови треба да се согласат за да се постави видео надзор во зградата?

Одговара Башким Алили од Регулаторната комисија за домување.

Видео надзор се поставува доколку има потреба од заштита на животот и здравјето на станарите, заштита на сопственоста на заедничките делови и контрола на влегувањето и излегувањето на влезот од станбената зграда и тогаш може да се поставува видео надзор, но по претходна писмена изјава за согласност од најмалку 70% од вкупниот број на сопствениците, но сето тоа во согласност со прописите за заштита на личните податоци.