Одговара Севиме Зекири од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.
Вдовицата која користи семејна пензија од починат сопруг, а има навршено свој стаж од 30 години како што е наведено во прашањето – и доколку ги исполнува условите со старост, таа има право на своја пензија ако истата е поповолна од семејната пензија којашто ја користи од починатиот сопруг.