fbpx

Како да пријавиме онлајн закани и измами?

Одговара Гоце Андреевски од Министерството за внатрешни работи.

Жртвите на ваков вид на криминал делото имаат можност да го пријават во МВР со лично присуство во полициска станица, отсеците за компјутерски криминал при СВР, Сектор за компјутерски криминал или преку официјалниот е-маил [email protected] или на онлајн платформата црвено копче – ‘Red button’ на веб страницата на МВР. Во врска со онлајн закани и измами доколку се во можност пријавителите потребно е и да обезбедат и притскрин од заканите/измамите или соодветен url-линк од некоја јавна објава на социјални мрежи која содржи закана.