fbpx

Како е регулирано плаќањето во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“?

Одговара д-р. Салија Љатиф Петрушевска од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември”-Скопје.

Ние сме јавна здравствена установа и сме под ингеренции на Министерството за здравство. Согласно тоа ние сме финансирани согласно ФЗОМ. Значи, пациентите осигурениците имаат здравствено осигурување и плаќаат партиципација за здравствените услуги. Зборувам и за стационарните пациенти и за надворешните пациенти коишто ги добиваат услугите преку специјалистичко-консултативните кабинети, дневната болница и домашната посета. А, дополнително за пациентите коишто се во стационар, бидејќи сепак станува збор за установа којашто е со долготраен престој на истите тие треба да им се обезбеди услови за сместување за храна, за нега, за капење и слично така да овие услуги согласно член 10 точка 7 од Законот за здравствено осигурување , Фондот не ги покрива овие трошоци на геријатриските установи, така да пациентите плаќаат одредена сума за тоа.