fbpx

Како може да постапат осигурениците доколку нема одреден лек во аптеките кој им е неопходен?

Одговара Кристина Христова од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во случај кога осигурено лице ќе се обрати во аптека и оттаму ќе добие одговор или информација дека лекот не е достапен и не може да биде издаден во одреден момент, постојат повеќе решенија коишто може да се применат во насока на тоа осигурениците да ги добијат потребните лекови во најбрз можен рок. Најпрво, аптеката треба да побара информација од друга аптека дали постои можност пациентот, а ова особено важи ако пациентот е итен случај, да појде во друга аптека и таму да го подигне лекот на рецепт на товар на Фондот.

Друга солуција е аптеката да направи нарачка на самиот лек, за потреби на осигурениците. Во Скопје оди тоа релативно брзо, можеби и во текот на истиот ден доколку нарачката се направи претходно. Да напоменам дека во целата комуникација за нарачување и обезбедување лекови оди директно помеѓу аптеките и веледрогериите, Фондот нема никакво директно учество во таа комуникација. Но, доколку има потреба еве апелираме дека осигурениците можат слободно да нѝ се обраќаат и понатаму, за да излеземе во пресрет и најбрзо да пронајдеме одреден лек. Во последен период добиваме информации како од пациентите така и од аптеките, а да ја нагласам и соработката со Агенцијата за лекови и медицински средства од каде што треба да добиваме и впрочем добиваме информации по однос на дефицит на лекови на нашиот пазар, особено ако се работи за подолготраен дефицит.

Доколку осигурено лице за жал нема услови да го најде и да го подигне лекот на рецепт во аптеките заради подолготраен дефицит, во тој случај Фондот овозможува преку постапка за рефундација на средства којашто се спроведува во подрачните служби на Фондот, да направи надоместување на средствата за купен лек во странство. Така што, има повеќе начини на коишто може да бидат задоволени потребите на нашите осигуреници, што е и наша цел.