fbpx

Како се наплатува алиментација ако родителот е во странство и таму работи?

Одговара Наташа Станојевиќ од Министерството за труд и социјална политика.

Алиментацијата е врзана со судска постапка при бракоразводна постапка  судот определува колкава е висината на алиментацијата и го задолжува родителот, така што би ја упатила да се обрати до судот. Начини на наплата на алиментација се преку извршување, преку извршител, доколку знае каде работи таткото на детето односно поранешниот сопруг, бидејќи може со траен налог да се наплати алиментацијата.