fbpx

Како се регулира начинот на формирање и трошење на резервен фонд?

Одговара Башким Алили од Регулаторната комисија за домување.

Ова е интересно прашање, бидејќи имаме премногу случаи кога граѓаните се јавуваат. Согласно Законот за домување за работите за одржување на станбените згради се формираат два фонда: фондот за тековно и редовно одржување и резервниот фонд. Овие средства од овие фондови се користат исклучиво за потребите на станбената зграда или сопствениците на посебните делови кои ги собрале средствата за овие фондови. Фондот за тековно и редовно одржување тие средства се собираат и трошат секој месец и висината на тие средства зависи од трошоците кои се направени тој месец. Резервниот фонд е задолжителен и се формира од страна на самите сопственици на посебните делови на станбената зграда. Висината на износот за посебните делови во резервниот фонд најниската вредност на истиот така и видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд се пропишани во Правилникот за висината на износот за посебни делови од резервниот фонд во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови како и материјалот од што е изградена зградата. Согласно овој правилник висината на износот за резервен фонд е 0,5 до 1 ден/м2. Но, сопствениците на посебните делови имаат можност да го зголемат тој износ во зависност од тоа дали предвиделе со планот за одржување на зградата за тековната година.