Одговараат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.
Право на социјална сигурност за старите лица има лице со навршени 65 години возраст. Ако подносителот на барањето за остварување на правото има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 години возраст, правото го остварува само едно од лицата.
Правото на социјална сигурност за старите лица го остварува лицето ако:
- Има државјанство на Република Северна Македонија;
- Има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;
- Нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
- Не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава,
- Не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.