fbpx

Кој раководи со средствата од резервниот фонд за одржување на зградата?

Одговара Башким Алили од Регулаторната комисија за домување.

Средствата од резервниот фонд се раководат од управителот кој е должен да обезбеди сите уплати на сопствениците на посебните делови од резервниот фонд да се евидентираат сметководствено од посебна сметка и да бидат одвоени од сметките на управителот. Средствата на резервниот фонд можат да се користат само за трошоците за одржување и потребните подобрувања во планот за одржување и за нужните работи на одржувањето. Кога спомнавме нужни работи. Кои се нужни работи? Нужни работи се сметаат сите работи за одржување, а кои не се предвидени во планот за одржување, а кои би причиниле да предизвикаат поголема штета и штетни влијанија за животот на самите сопственици во самата зграда.