fbpx

Која институција дава и одзема корисничко право на земјиште?

На четири семејства ни е одземено корисничкото право на земјиштето под објектот во кој живееме.

Одговара Зоран Василески од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според последните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, рокот за поднесување на барањата до крајот на 2014 година согласно измените беше продолжен до крајот на 2021 година. Во случајот, најверојатно Агенцијата за катастар за недвижност постапила според овие измени на начин што го избришала ова право заклучно со 30 јуни 2023 година. Барањата се поднесуваат до Управата за имотно правни работи кои подоцна имаат рок истите да ги препратат до Агенцијата за катастар на недвижности. Оттаму, во делот на прибелешките граѓаните треба да се обратат до Агенцијата за катастар на недвижности по претходно поднесено барање до Управата за имотно правни работи.