Одговара Севиме Зекири од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.
Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, вдовицата се стекнува со право на семејна пензија доколку во моментот на смртта на брачниот другар има навршени педесет години живот. Вдовицата којашто во моментот на смртта на брачниот другар е на 45 годишна возраст го задржува правото да се стекне со семејна пензија на возраст од 50 години.
Доколку вдовицата има деца или врши родителска должност тогаш таа ќе го користи правото на семејна пензија без разлика на возраста. Доколку тоа право го користи до 45 години, а потоа децата престануваат со школување и тогаш завршува родителската должност - и во тој случај жената на педесет години старост ќе има право на семејна пензија.