fbpx

Од што штити ХПВ вакцината и дали треба да ја примаат и момчиња?

Одговара проф. д-р Катарина Ставриќ, специјалист педијатар-имунолог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

ХПВ вакцината е всушност вакцина којашто штити од хуман папилома вирусот. Досега оваа вакцина се дава на 12 години. Девојчињата примаат по две дози, меѓутоа веќе од оваа година, Министерството за здравство усвои да почнат и момчињата да ја примаат затоа што тоа е вирус кој што се пренесува и подеднакво учествуваат и момчињата и девојчињата.

ХПВ вакцината е вакцина којашто штити од карцином од грлото на матката кај девојчињата. Меѓутоа не само од карцином на грло на матка туку и други пет различни карциноми меѓу кои и карцином на ларингс, карцином на дебело црево на ректумот. Значи тоа се карциноми кои се јавуваат кај мажите и кај девојките. И токму овие вируси кои што се потентни, кои што се поврзуваат со овие карциноми оваа вакцина ги штити децата кои што се вакцинираат. Денеска во суштина ние велиме дека најдобро е на 12 години да се прими оваа вакцина пред да почнат да бидат сексуално активни. Затоа што на некој начин не се превенира инфицирање со овие вируси.

Има голем број на серотипови на хуман папилома вирусот. Меѓутоа не се сите сериозни и на некој начин организмот се изборува. Здрав организам знае да се избори. Меѓутоа важно е токму овие, во оваа вакцина има четиривалентни, деветвалентни односно ги содржат токму овие соеви коишто се поврзуваат со карциномите. И на тој начин се заштитува организмот токму од овие соеви. А секако дека самата вакцина ќе даде еден вкрстен имунитет и генерално за отпорноста кон инфекциите со хуман папилома вирус. Се даваат две дози со тоа ако се дадат на 12 години, меѓутоа над 15 години доколку се почнат се даваат три дози. И денеска нема ниту ограничување до која возраст буквално и возрасните се препорачува да ја примаат.

Секако дека ефикасноста е најголема доколку се прими пред организмот дојде до контакт со вирусот и се инфицира. Затоа што сепак оваа вакцина се две дози кои се даваат на растојание од шест месеци. Значи потребно е барем година дена да речеме да се создаде солиден имунитет којшто ќе го заштити организмот од овие вируси.