fbpx

Управителот не го поправа лифтот како што треба и секоја се расипува. Каде да се обратиме?

Лифтот се расипува и поправа скоро секоја недела. Постои ли некој закон со кој станарите може да се заштитат бидејќи со ова им се скратува слободното движење и се доведува во прашање безбедноста? Не секој може да се качи до 6-ти кат. Никој не презема обврска, сите си ја префрлуваат одговорноста еден на друг, а ние страдаме.

Одговара Љупчо Довичински од Регулаторната комисија за домување.

Овде не знаеме дали изборот на одржувачот на лифтовите го извршиле станарите или го овластиле управителот. Очигледно дека фирмата која што ги одржува лифтовите, својата работа ја извршува неквалитетно. Доколку станарите се незадоволни од услугите на одржувачот или на управителот, со одлука од мнозинството на сопственици на посебните делови, можат во секое време да го раскинат договорот.