fbpx

Дали мора да имам меѓународно признат сертификат за познавање странски јазик за да конкурирам за работа во државна институција?

Одговара Џеннет Велиу од Министерството за информатичко општество и администрација.

Согласно член 24, став 2, алинеја г), согласно член 25, став 2, алинеја г), согласно член 26, став 2, алинеја г), како и член 40, став 2 од Законот за административни службеници, едно од посебните работни компетенции во сите нивоа во рамките на една категорија е активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија – англиски, француски или германски јазик. Тоа значи дека кандидатите коишто аплицираат на објавен оглас за административен службеник немаат обврска да достават сертификат за познавање на странски јазик туку согласно погоре цитираните одредби истиот го полагаат како дел од испитот за административен службеник. Испитот се состои од два дела – стручен дел и дел на познавање на еден од наведените јазици најчесто користени во ЕУ – англиски, француски или германски.