fbpx

Дали можам да се пријавам истовремено на два различни огласи во две државни институции?

Одговара Џеннет Велиу од Министерството за информатичко општество и администрација.

Согласно член 30 од Законот за административни службеници, постапката за вработување е транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција каде се избира најдобриот кандидат за работното место и истиот заснова работен однос со работодавачот. Согласно член 36 од истиот закон, кандидатот аплицира на огласи со креиран електронски профил и со него може да аплицира на неограничен број на огласи кои се објавени на веб-страницата на Агенцијата за администрација.