Одговара Џеннет Велиу од Министерството за информатичко општество и администрација.
Согласно член 41, став 6 од Законот за административни службеници, резултатот односно бројот на бодови од испитот за административен службеник на кандидатот му е достапен на компјутерот на којшто го полагал и тоа веднаш по неговото завршување. Истиот резултат се евидентира во Агенцијата за администрација и може да се искористи за други постапки на селекција, во рок од една година.