Системот за поддршка на иновациите има „фалинки“
Од идеја до производ и успешен бизнис. Звучи убаво, но патот е долг и мачен, а македонскиот систем за поддршка на младите иноватори и на креативните решенија има „фалинки“ што оневозможуваат кога ќе се стигне до одредена фаза да се добијат поголеми финансии за развој на решението. Од друга страна, недостига и поголема соработка помеѓу образованието и реалниот сектор, па домашните компании постојано се жалат на недостиг од кадар...