Одговара Башким Алили од Регулаторната комисија за домување.
Станбените згради освен од посебните делови се состојат од заеднички делови, заеднички градежни елементи, заеднички инсталации. Ќе спомнеме што се заеднички градежни елементи, заеднички делови, заеднички инсталации. Заеднички градежни елементи се: темелите, носечките ѕидови и конструкциите, таваните, покривот, фасадата. Како заеднички делови се сметаат влезните врати, скалите, ходниците, пералници и сл. И како заеднички инсталации уреди и опрема се сметаат сите инсталации, заеднички инсталации како што се електрична, доводна, одводна, парно, телекомуникации и слично. Потоа како заедничка опрема е лифтовите и други заеднички опреми во станбената зграда. Сега се што е заедничко вклучувајќи лифтови, фасада како што спомнав претходно се заеднички и заеднички треба да се одржуваат без разлика дали некој од сопствениците ги користи. На пример, дали некој од сопствениците кој живее на први кат не го користи лифтот тој е должен при поправање на лифтот да учествува исто и како другите сопственици кои се на највисокиот кат. Исто така и кога се поправа покривот не е должен само еден сопственик кој живее на најгорниот кат туку сите сопственици да партиципираат во поправањето на покривот.